PancakeBot: Правењето палачинки станува уметност

Дел од утринската рутина во поглед на доручекот за некои е двопек, за некои голема чинија корнфлекс со млеко, а за некои, пак палачинки. За овие последните, постои гаџет кој ќе ја разбие монотонијата на нивното приготвување и се вика PancakeBot.


PancakeBot е еден вид „3D принтер“ за палачинки кој се состои од BPA-free систем (значи без хемикалија во пластиката што е штетна за човекот) за ослободување на тестото во одредена форма, врз плотната на која палачинките ќе се печат и која лесно се отстранува за чистење.

Доаѓа со специјален софтвер на кој што ќе може да се нацрта било која форма во која што сакате да бидат „принтани“ палачинките, а понуден е и избор од неколку постоечки (астронаут, диносаурус, цвеќе и сл.). Уредот е компатибилен и со SD мемориски картички преку кои што можете да вчитате и други слики кои што сте ги одбрале.

Чини околу $300, но дефинитивно ќе ви го направи доручекот поинтересен, особено доколку го спремате за деца – со PancakeBot и тие самите ќе бидат вклучени во тоа.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...