One X сензор будно го следи вашето здравје

One X е футуристички сензор во облик на топка кој со држење во дланката е способен да ве „искенира“ и да го надгледува влијанието на вашата исхрана, животен стил и навиките, врз вашето здравје – поточно, има еден вид на сопствена вештачка интелигенција.

После скоро двегодишно истражување, поткрепено со сугестии од експерти од Бразил, Германија, Франција и САД, One X скоро целосно ги имаат финансирано изработката на прототипите и првите неколку стотици испораки преку нивната Indiegogo кампања.

Како One X ги пронаоѓа сите информации?

Промените во нивото на антиоксиданси кои можат да се измерат во дланката, кажуваат многу за нашите различни навики во поглед на исхраната, спиењето, вежбањето, внесот на алкохол и други штетни материи, изложеност на сонце и стресот.


One X ги скенира и потоа тие информации ги проследува на апликацијата која дава мноштво информации – персонализирани комбинации на суплементи, сугестии која храна и течности да ги внесуваме (и во која количина), а може и да го следи прогресот и да не потсетува до каде сме за да ги оствариме поставените фитнес и здравствени цели.

За да се активира One X е потребен отисок од прст, што овозможува еден ист уред да можат да користат повеќе луѓе, а информациите добиени на него можат да се користат да се „натпреварувате“ со, на пример, други членови на фамилијата кои го користат, или пак со останатите корисници преку социјалните табели.



One X не само што е неинвазивен, тој е и (релативно) евтин и лесен за користење, а со информациите и сугестиите кои постојано ви ги дава буквално заштедувате на она што би го инвестирале во регуларни тестови на крв и на нутриционистички совети од „експерти“.

Сензорот треба да почне да се испорачува во мај 2017, а чини $129



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...