Би живееле ли во вакви куќи?

Замислете дека седите во дворчето на викендицата, кога одеднаш небото почнува да се разбиструва и се појавува јако сонце. Без да се помрднете, го активирате роботскиот механизам на куќата кој го помрднува кровот и ви обезбедува сенка.

Ова набргу може да стане реалност доколку проектите како што е концептуалната куќа на уметникот и изумител Мајкл Џентсен почнат сериски да се произведуваат и бидат достапни за сите.

Наречена „The Malleable Autonomous Retreat House”, оваа куќа составена од подвижни панели со шарки кои можат да навлегуваат едни во други, може да ја менува формата – од сосема правоаголна, во сосема непредвидлива, базирана на климатските промени во околината или пак според естетските потреби на сопственикот. Таа би се напојувала исклучиво преку соларни панели.



Уште еден негов концепт е и челичната куќа составена од 5 ротациони секции кои можат да се вртат автоматски или мануелно, со што се контролира внатрешната температура (на пр. со навлегување на повеќе сончева светлина), но овозможува и собирање и искористување на насобраната вода од дождовите.

3D принтањето е технологијата која би требало сето ова да го направи достапно за сите – некои компании принтаат куќи толку бргу што конструкцијата може да започне и заврши во еден ден, за да куќата е спремна за вселување. Компании, пак, како Samsung со нивниот концепт SmartThings, ги замислуваат домовите на иднината како „smart“ машини на кои преку апликација ќе можете да го промените изгледот на ѕидовите или подовите, кои ќе бидат направени од специјална структура исполнета со сензори и активатори.

Дефинитивно, домовите на иднината ќе бидат опремени со врвна технологија – баш како што пред неколку децении и ги замислувавме во сите научно фантастични филмови и цртани серии.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...