Прстен-аларм против заспивање при возење

Возењето кога не сме наспани е исклучително небезбедно, но некогаш сме лимитирани со време за да стигнеме до посакуваната дестинација и спиењето мора да се запостави.

Ризикот е особено голем доколку немате уште некој во автомобилот кој што ќе ве зазборува и држи будни, бидејќи доволни се неколку секунди невнимание или падната концентрација за да се случи сериозна сообраќајна незгода.

Anti-Sleep Alarm е гаџет во облик на прстен чија намена е да го спречи заспивањето при возење – се активира до 5 минути пред да почнете да се јават „симптомите“ на заспивање, т.е пред да се затворат очите/падне главата.

Се напојува преку микро USB кабел, а батеријата би требало да држи до 15 часа со едно полнење. Методата која што овој аларм ја користи се вибрациите, а вибрира по 2-3 секунди на неколку наврати, за да го забележите. Функционира така што континуирано ги надгледува нивоата на свест и концентрација преку 8 сензори кои ја анализираат електро дермалната активност.

Големината му е универзална и треба да одговара на било кој тип на прсти, а направен е од материјал кој не може да предизвика алергии.

Иако првенствено е наменет за возачи, може да се користи и кога имате потреба од целовечерна активност (читање, учење), то ест за “allnighter”



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...