Роботи во служба на безбедноста

Полициските роботи не се само дел од холивудските филмови (RoboCop, Chappie и сл.), туку веќе и редовно се користат во одредени полициски задачи, како што беше случајот со роботот за растурање на бомби кој беше употребен во пукотниците во Далас, Тексас. Еве неколку кои се користат во разни земји низ светот:

1) Дронови за растерување на протестанти

Ваквите дронови „работат“ за полициските сили во Индија, и можат да прскаат спреј од бибер или да испукуваат 20 пеинтбол топки во секунда, истовремено дисперзирајќи солзавец. Опремени се и со звучници, стробоскопски светла и ласери кои не ги оштетуваат очите, а чија цел е дизориентација и растерување на протестанти.

2) Затворски робо-чувари

Затвор во Јужна Кореjа користи роботи високи 150cm програмирани самите да ги патролираат ходниците на затворските блокови, а можат да бидат наведувани и со човечки контроли. Тие користат алгоритми за препознавање на одредени шаблони на однесување на затворениците, и доколку забележат нешто вон тие шаблони, ги предупредуваат човечките стражари.

3) Dogo

Овој ровер го користат израелските полициски антитерористички сили. Опремен е со 9mm Glock пиштол кој може да пука по 5 куршуми за 2 секунди, 8 камери, двонасочно радио, и способен е да влезе во куќа, да се качи по скали и да маневрира околу и врз разни препреки. За мисии каде што нема потреба од употреба на смртоносна сила, наместо пиштол може да користи спреј или интензивна светлина за оневозможување на целите.

4) Bat Cat

Акроним од Bomb Assault Tactical Control Assessment Tool , Bat Cat го користи полицијата во Лос Анџелес за детекција и отстранување на бомби. Се работи за модифициран далечински контролиран виљушкар, кој по потреба може и да помине низ куќа. На „раката“ може да му се намонтира канџа, кофа, или таран , и со неа да се подигне товар со тежина од скоро 5,5 тони – како што се автомобили опремени со експлозиви.

5) Роботски сообраќајни полицајци

Со цел да се намали опасното возење и да се натераат луѓето да ги запазуваат сообраќајните правила во Kинхаса, главниот град на Демократската Република Конго, градските власти инсталирање масивни хуманоидни роботи чија функција е да го насочуваат и надгледуваат сообраќајот. Тие функционираат како семафори/пешачки премини/сообраќајни камери, а снимките ги испраќаат директно на полицијата.

6) Emily

Овој уред го користи крајбрежната стража во Лезбос, може да се оддржува на површината на водата и да плови со брзина од 32км/ч, а поврзан е со спасувачки брод со јаже долго до 610 метри. Негова задача е примарно за спасување на бегалците паднати од бродовите во Средоземното Море.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...