Rovables – малечки роверчиња кои ползат по облека

Повеќето гаџети кои се носат се статични и обично стојат под или врз облеката, на зглобовите и сл. Но, тоа наскоро ќе се смени.

На конференција во Токио, истражувачи од MIT и Stanford претставиле нови минијатурни роботи, наречени Rovables. Овие малечки роботи се способни да ползат во сите правци на обичната облека, што значи дека нема потреба за нивно користење да се носи маица од некој специјален материјал.

Тие се движат со помош на магнетни тркала од двете страни на ткаенината и користат сензори и вештачка интелигенција, што ги прави делумно автономни.

Истражувачите велат дека Rovables би користеле во разни ситуации – на пример, флота од роботи би можеле самите да се состават на раката за да креираат дисплеј за гледање на видео, или да го „потапкаат„ носителот по рамото секогаш кога ќе му пристигне нов имејл на телефонот. Роботите исто така би можеле да се групираат на ракавот или грбот и да формираат безбедносно светло кое ќе служи како сигнализација додека возите велосипед или трчате навечер.

За да функционираат правилно и автономно, тие треба да знаат самите се движат во 3D простор, за што е потребно да се создаде микро-контрола со доволно процесирачка моќ за да може да ги издржи комплексните алгоритми потребни за такво ниво на планирање на патеката.

Rovables имаат вградени батерии кои, во моментов, траат во просек 45 минути пред да треба (безжично) да се наполнат. Но, истражувачите велат дека доколку малите „роверчиња„ не се движат постојано, батеријата би можела да трае со часови.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...