Технологија како од Minority Report

Нема сомнеж дека денешната технологија е исклучително развиена, меѓутоа начинот на кој што се изработуваат интерфејсите сè уште следи едни те исти парадигми – тие се ориентирани на “point & click” интеракција, а самото кликање и движење на курсорот се врши со глушец и тастатура, или пак со екрани чувствителни на допир.

Меѓутоа, нова студија објавена од Juniper Research сугерира дека ова наскоро ќе се промени. Според неа, до 2020-та год. ќе постојат околу 492 милиони уреди кои ќе ги следат движењата и гестикулациите и ваквата контрола (како од филмот Minority Report) ќе стане витална за одредени форми на интеракција помеѓу луѓето и компјутерите.

Почетоците на оваа промена може да ги забележиме во индустријата која се занимава со видео игрите, бидејќи првата интеракција со ваквата контрола со движење и гестикулации повеќето корисници ја имаат искусено со Microsoft Kinect уредот.

Виртуелната реалност е исто така релативно нова технологија која значително ќе ја олесни транзицијата во новите форми на контрола на уредите, а останатите уреди кои се носат, како што се умните часовници или AR (augmented reality) очилата значително би добиле на функционалност доколку им се интегрира функцијата за следење на движењето и гестикулациите.

Префрлањето од традиционалните интерфејси на кои што сме навикнале, на еден нов, централен интерфејс ќе побарува огромни ризици од девелоперите на апликации, и на произведувачите на опремата – особено поради фактот што често пати постои голем отпор кон било какви промени во врска со тоа како технологијата функционира (нај „тазе“ пример е револтот против безжичните слушалки на Apple за најновиот модел на iPhone кој нема аудио џек).



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...