Пилотирање авион со мозочни бранови?!

Моментално се вршат многу истражувања за усовршување на технологијата за контролирање на уреди со мисли – вклучувајќи автомобил кој може да се придвижува на тој начин, како и неколку дронови и роботи.

Сега, ваквиот тип на контрола е навлезен и во кокпитите на авионите. Сантош Матан, невротехнолошки истражувач од Honeywell Aerospace, развил систем кој на пилотот му овозможува контрола на авион (од типот Beechcraft King Air C90) само со умот.

Според новинар од WIRED кој успеал да ја тестира оваа технологија, системот ги надгледува и интерпретира сигналите во електричната активност на мозокот со кои се задаваат командите за движење. Пилотот е поврзан со системот преку сет од 32 електроди, кои ја набљудуваат мозочната активност преку специјален интерфејс. Тој потоа се фокусира на стрелките на интерфејсот, кој на компјутерот му кажува на која страна сака авионот да се движи.

Матан и неговиот тим го развивале овој систем 12 години, и успешно го тестирале на симулатор. Меѓутоа, во реалниот свет, се јавиле одредени потешкотии, од типот на бучава во кокпитот и звуци кои одземаат внимание, како што е комуникацијата со контролата на летање, звуците од моторот, турбуленцијата итн., кои на пилотот му ја отежнуваат концентрацијата.

Сето ова значело дека пилотот мора да биде исклучително концентриран на интерфејсот, а дополнителен проблем претставувало тоа што не се добива никаква друга повратна информација дали и која команда е добиена, освен придвижување на авионот.

Во секој случај, фактот што е извршен успешен лет со овој систем не е воопшто мала работа, а со усовршување на технологијата пилотите би имале уште едно дополнително ниво на контрола на авионите – доколку, на пример, се случи механички проблем со управувачот а авионот мора да го смени правецот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...