Батерии со 5 пати поголем капацитет

Научници од Универзитетот Кембриџ објавиле студија опишувајќи ја нивната литиум-сулфурна батерија, чија изработка била инспирирана од обвивката на човечкото тенко црево. Новата батерија е способна да складира 5 пати повеќе енергија од литиум-јонските батерии.

Типичната батерија функционира така што има позитивно набиени литиумски јони кои се движат низ катода (позитивна електрода), електролити, и анода (негативна електрода). Од кристалната структура на електродите зависи колку енергија може да се складира во една батерија, а бидејќи јаглеродните електроди на овие батерии можат да имаат по 6 литиумски јони, тоа значително го лимитира капацитетот на батериите.

Литиумот и сулфурот реагираат различно, преку мулти-електронски преносен механизам, што значи дека теоретски, сулфурот може да има многу поголем капацитет од литиум-јонот. Меѓутоа, кога литиумот и сулфурот реагираат помеѓу себе кога батеријата се празни, сулфурот се претвора во синџирести поли-сулфиди кои можат да навлезат во електролитите додека се полнат и празнат, што резултира со губиток на активниот материјал на батеријата.

Новиот дизајн на истражувачите од Кембриџ користи слој од нано-жици од цинк-оксид, што резултира со структура со иста форма како ресичките на човечкото тенко црево, која може да ги зароби поли-сулфидите. Ова ги задржува фрагментите електрохемиски достапни, што му дозволува на материјалот да биде повторно искористен.

Лимитацијата на овој тип на батерија е фактот што не може да се споредува со литиум-јонските во поглед на циклусите на полнење, бидејќи тие се значително помали а и времето за полнење е подолго. Меѓутоа, капацитетот би и бил поголем за околу 5 пати од сегашните батерии што од друга страна е многу голема придобивка.

Дизајнот сега засега е само доказ дека концептот функционира, а кога ќе се усоврши и ќе стане комерцијално достапна, литиум-сулфурната батерија ќе биде зачетник на новата генерација на батерии со голем капацитет.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...