Протеинска патика на Adidas која се разградува во вода

Adidas на конференција во Њујорк претставиле сосема нов вид на патика наменета за трчање која е лесна, издржлива, и најважно од сè, биоразградлива.

Наречена The Adidas Futurecraft Biofabric, оваа патика е направена од синтетичка свила наречена Biosteel, произведена од германската компанија AMSilk. Овој материјал го прави горниот дел од патиката за 15% полесен, не содржи алергени и е вегански.

Biosteel материјалот е создаден со ферментирање на генетски модифицирана бактерија која ги содржи истите протеини кои пајаците ги користат да ја создадат нивната супер-јака свила од која ја прават пајажината, што креира прашок од кој се прави предиво од кое се плете патиката.

Според тврдењата на Adidas, патиката е доволно цврста да издржи 2 години употреба, а штом се „излиже„ од користење ќе може едноставно да се разгради, на пример, во мијалник.

За тоа ќе биде потребно да се стави во вода во која што ќе се додаде високо концентриран ензим протеиназа, што целосно ќе ја разгради протеинската патика за 36 часа. Овој процес е целосно природен, а патиката инаку нема да се разгради на дожд, без присуство на ензимот кој ќе ви биде испратен од Adidas.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...