Lenovo K6 - смартфон со 5 инчен Full HD екран и читач на отпечатоци

Lenovo K6 е дел од најновата K6 серија на Lenovo составена од 3 entry-level телефони со супер пристапни цени и одлични перформанси и карактеристики.

K6 е основниот модел, кој е напојуван од моќен Qualcomm Snapdragon 430 чип со осум јадра и брзина од 1.4 GHz. Во споредба со другите модерни чипови, овој е направен со 28nm производен процес, што придонесува за ниската цена на уредот. RAM меморијата е 2GB, што на корисникот му овозможува релативно „глатко“ искуство со Аndroid Marshmallow (6.0) оперативниот систем вграден во овој модел, врз кој е имплементиран корисничкиот интерфејс на Lenovo.

Необично за телефон од оваа класа е читачот на отпечатоци од прсти, лоциран под камерата на задниот дел од телефонот – нешто што вообичаено го имаат поскапи модели од повисоки класи, кој служи како дополнителен слој на безбедност за пристапот кон телефонот, и кој има супербрз сензор со ниска стапка на лажно отфрлање.

Lenovo K6 тежи 140гр. и изгледа одлично – причина за тоа се металното куќиште и заден поклопец, кои покрај тоа што го прават издржлив на оштетувања, му даваат и елегантен изглед.

Екранот е IPS, има големина од 5 инчи и Full HD резолуција од 1920 х 1080 пиксели, што исто така обично е карактеристика на телефони од подобра класа. Предната камера од 8MP и задната од 13MP со LED блиц би требало да се сосема доволни за секојдневна употреба, со тоа што поради ограничениот интерен капацитет од 16GB пожелно е фотографиите и видеата да се складираат на microSD картичка (со максимален капацитет до 128GB), за да остане што повеќе простор на самиот телефон што ќе овозможи непречена работа на системот. Истото важи и за музичките фајлови, за чие слушање K6 е добро опремен - Dolby Atmos® системот и двата вградени звучници му одат во прилог на секој љубител на (гласната) музика.

Lenovo K6, покрај останатите, нуди и 4G (LTE) конективност, а нема да е проблем ниту повеќечасовно сурфање или стримување медија содржини на оваа брзина благодарејќи на батеријата од 3000mAh.

Сè на сè, се работи за одличен буџетски стилски телефон со перформанси на кои би можеле да му позавидат и модели од повисоките класи

Lenovo K6 можете да го добиете по исклучително атрактивна цена во новогодишната кампања на Телеком во Smart M тарифниот модел.

Подеталните технички карактеристики се:



Димензии: 141.9 x 70.3 x 8.2mm
Тежина: околу 140g
Дисплеј: 5.0" FHD (1920 x 1080) IPS
Материјал: Метал + поликарбонат
Оперативен систем: AndroidTM 6.0, Marshmallow
Процесор: Qualcomm® SnapdragonrM 430 Octa Core 1.4GHz
Графички процесор: Adreno 505 450MHz
Аудио: 2x звучници, Dolby Atmos®, 3.5mm џек
RAM: 2GB
Интерна меморија : 16GB
microSD: до 128GB
Батерија: 3000mAh Li-poly
Стенд-бај време: 530ч.
Време за разговори: 37ч.
Конективност: GPRS, EDGE, HSPA+, LTE
Брзина: LTE 150Mbps (DL) / 50Mpbs (UL) CAT4
WLAN: Wi-Fi 802.11 b/g/n, Wi-Fi хотспот, Bluetooth® 4.2
Радио: FM
GPS: со A-GPS подршка
Камера: задна -13MP PDAF со FHD снимање видео, LED блиц, предна -8MP со фиксиран фокус



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...