Нов суперкомпјутер на HP

HP претставија функционален прототип на амбициозен нов компјутерски систем, наречен „Машината„ (the Machine), за кој што компанијата вели дека е прва во светот демонстрација на компјутер управуван со меморија.

Идејата е дека „Машината“, за прв пат најавена во 2014, значително ќе ја надмине постоечката технологија со тоа што ќе се потпира на меморијата за вршење на калкулациите, и помалку ќе биде зависна од компјутерските процесори.

Од HP Enterprise (бизнис огранокот на корпорацијата) велат дека симулацијата покажала дека компјутерот управуван со меморија може да постигне резултати за 8000 пати побрзо отколку конвенционалните компјутери.

Примарна употреба на компјутерите како „Машината“ нема да биде во машините наменети за „обичните“ консументи, туку за изработка на high-end сервери кои ќе опслужуваат компании од калибарот на Facebook или YouTube.

Како овој тип на компјутери ги врши калкулациите толку брзо? Тоа се должи на користењето на фотоника – пренос на информации со светлина, наместо преку електроника.

Во конвенционалните компјутери, калкулациите некогаш се забавуваат додека податоците се пренесуваат помеѓу разните процесори, но во „Машината“, процесорите симултано имаат пристап до сите мемориски податоци.

Прототипот на овој систем користи 8 терабајти меморија, што е 30 пати повеќе од количината на меморија која може да ја има конвенционален сервер, и неколку стотици пати повеќе меморија отколку што може да ја има „обичен“ компјутер.

Компанијата планира да развива системи со стотици терабајти меморија, но и нов вид на експериментален мемориски чип наречен „мемристор“, кој ќе може да чува податоци дури и кога е исклучен. Технологијата со која би се изработувале мемристор чиповите сè уште се развива, но од HP се надеваат дека тие би биле спремни некаде до 2018 или 2019, кога „Машината“ би требало да биде претставена за комерцијална употреба.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...