VersionTech - безжично јаже за скокање

Доколку живеете во малечок стан, единствено место каде што можете квалитетно да вежбате е теретана или евентуално некој јавен отворен простор наменет за тоа – меѓутоа не секој преферира така да вежба, од различни причини.

Но, тоа не е единствена пречка – често пати и недостатокот на време не дозволува посета на теретана и сл. локации, па така останува само варијантата „по дома“, која не секогаш е изводлива за сите вежби, поради ограничувањата во просторот.

Идеален гаџет за такви ситуации е безжичното јаже за скокање на VersionTech, кое не само што безжично води евиденција колку пати сте скокнале и колку калории сте „изгореле“, туку е безжично и во буквална смисла на зборот – воопшто и нема јаже преку кое што би прескокнувале.


Гаџетот се состои од две дршки со кратко јаже на едниот крај, кое на себе има прицврстено топка. Дршките ги вртите со истите движења како што би вртеле и „нормално“ јаже и прескокнувате преку „замисленото“, при што сензорите во топките ги бројат ротациите и го пресметуваат бројот на потрошените калории. На дршките се прикажува и времето поминато во вежбање, кое треба да е пократко од она потребно за кардиоваскуларни вежби од друг тип – на пример, 10 минути скокање со јаже троши калории како 30 минутно трчање. Го има во две бои – црна и розева, а чини скромни $20.

За да функционира, потребни му се 2xAAA батерии, кои со оглед на времетраењето на вежбите, можат да траат и со месеци.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...