Tamron сензор за фотоапарати почувствителен од човечкото око

Компанијата Tamron е најмногу позната по нивните објективи за разни камери, а најновата најава која доаѓа од нив вели дека работат на сосема нов сензор кој е многу почувствителен од човечкото око и кој е способен да опфати неверојатен дел од динамичкиот опсег.

Новиот сензор се развива во партнерство со Јапонската агенција за наука и технологија, и како што се гледа од приложената слика, способен е да фотографира во услови со неверојатно мала количина на светлина – нешто што било огромен предизвик во минатото.

За да ги постигнат овие резултати, Tamron ја искомбинирале нивната оптичка технологија со екстремно чувствителен сензор и моќен процесор за слики. Заедно овие три компоненти креирале камера која е способна да слика јасни слики во боја при осветлување од само 0.003 лукса – што во споредба одговара на сцена осветлена само од светлината на ѕвездите и ништо друго.


Оптиката развиена за овој систем користи технологија со ултра-ниска рефлексија, која помага да се редуцираат артифактите кои обично се јавуваат кај сензорите со голема чувствителност. CMOS сензорот кој системот го користи работи заедно со специјална технологија за редуцирање на „дигиталниот шум“ (така што сликите се чисти и не се дисторзирани), како и со технологија на осветлување која собира најмногу што може информации од сликата, додека го одржува динамичкиот опсег на максимум.

Нема информации кога оваа технологија ќе се појави на пазарот, со и кога тоа ќе се случи, таа најверојатно нема да биде наменета за конзумерските камери, туку за оние кои се користат во индустриски цели.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...