Зарем ова не е најдоброто точено пиво досега?

Понекогаш најдобрите идеи се токму оние кои се толку едноставни и очигледни, да секој од нас си помислува како на никого дотогаш не му текнало истото.

Првата бесконтактна пумпа за точење пиво на Barclaycard е токму еден таков производ.



Оваа пумпа е дизајнирана да ги намали редиците во баровите, со тоа што на секого ќе му нуди самопослужување – сè што ќе треба да се направи е на апаратот да се скенира било која бесконтактна дебитна или кредитна картичка и откога трансакцијата ќе се изврши, да се постави чашка под неа.

Сензорите во бурето ќе регистрираат колку алкохол е потрошен и штом чашката/криглата се наполни, пумпата самата се затвора. Целиот процес не трае повеќе од 1 минута.

Пумпата била дизајнирана по анкета чии резултати биле дека просечното чекање на пијачка во баровите е 12 минути. Сега засега се тестира во неколку барови и кафулиња во Лондон, а постои шанса да се стави на располагање и на неколку фестивали, и да нуди точење и на други пијалоци освен пиво.

Прототипот кој моментално се тестира може да точи само една чашка со едно купување, но истата картичка може да се користи неколку пати во тек на вечерта – со тоа што треба да се земе в предвид дека некои банки го лимитираат бројот на бесконтактни трансакции во тек на денот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...