ТЕОРИЈА НА УМОТ

Типови на вештачка интелигенција (AI)

Со напредокот во компјутерската технологија – машини способни за учење, невронски мрежи, процесирање на јазик, генетски алгоритми и др. – се чини дека вештачката интелигенција (AI) еволуира од едноставни, до самосвесни машини. Еве до каде AI-то е сега и во што би можело да се развие.

Тип 1: реактивно AI

Ова е најосновната форма на AI – ги перципира околината и ситуациите во кои што се наоѓа, и реагира на она што го гледа. Нема концепт за светот вон тоа, не може да формира сеќавања или претходните искуства да му влијаат на моменталните одлуки. Специјализирано е само во една област.

Примери за ваков тип на AI се Deep Blue на IBM кое го победи Каспаров во шах и AlphaGo на Google, кое ги победило луѓето во натпреварување во играта Go.

Тип 2: AI со ограничена меморија

Овој тип на AI користи претходни информации и ги додава на програмираната претстава на светот. Има доволно меморија или искуство да донесува исправни одлуки и да извршува одредени акции.

Примери: автономните возила, дигиталните персонални асистенти, чет-ботови

Тип 3: Теорија на умот

AI-то од тип 3 има капацитет да ги разбере мислите и емоциите кои влијаат на човечкото однесување. Овој тип може да ги сфати чувствата, мотивите, намерите и очекувањата, а може да има и социјална интеракција со луѓето. Вакво нешто сè уште не е создадено, но е наредната класа на интелигентни машини

Примери: C-3PO и R2-D2 од Star Wars филмовите, Sonny од филмот I,Robot (2004)

Тип 4: самосвесно AI

Овој тип на AI може да формира претстава за самото себе, да е свесно за сопствените интерни состојби, да ги предвиди чувствата на останатите и сл. Оваа идна генерација на машини ќе бидат супер интелигентни, сетилни, и свесни.

Примери: Eva од филмот Ex Machina (2015)



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...