Џарвис AI на Марк Закерберг

Марк Закерберг има создадено систем со вештачка интелигенција (AI) со кој ја контролира електрониката во неговиот дом, и кој му помага во работата. Проектот го нарекол Џарвис, според AI системот кој го користи Тони Старк/Ајрон Мен.

Системот, меѓу другото, му помага него и на жена му преку вклучување и исклучување на светлата и електронските уреди, кажувајќи им ја моменталната локација на нивното куче, или ги алармира доколку нивната ќерка е вознемирена во нејзината соба.

Во глобала, домашниот AI систем е екстензија на инфраструктурата на Facebook, со која што може да се контролираат само оние работи кои го имаат сигурносниот сертификат на Facebook – што на пример, некој фрижидер со способност да се конектира на интернет, го нема.

Еден од поинтересните аспекти на овој проект е како Закерберг бира да е во интеракција со Џарвис. Според неговите зборови, она што го изненадило во врска со комуникацијата со системот е што кога имал избор дали да зборува или да му испрати порака, тој најчесто одбирал испраќање на порака.

Истото се случувало и кога требало да одбере како Џарвис да комуницира со него – тој ги претпочитал пораките. Марк смета дека тоа е поради фактот што гласот го одзема моменталното внимание, додека пораките даваат многу повеќе контрола во однос на тоа кога можат да се прочитаат.

Марк е горд на достигнувањето што го постигнал годинава, и се согласува дека она што самиот го создал за 150 часа во слободното време преку цела година е ништо во споредба со она што врвните инженери од Facebook можат да го креираат во времето кое го имаат на располагање. Бидејќи Џарвис е тесно поврзан со неговиот дом, тој не планира да го објави неговиот код, но еден ден оваа технологија би можела да се искористи како основа за идни проекти.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...