Yecup термос кој може и да лади и грее

Кафето, чајот или какаото обично сите ги пијат топли, и тогаш се и највкусни. Ако сте љубител на овие пијалаци а често сте на нога па сакате пијалакот да го земете со вас, тогаш најумно е да го транспортирате во термос. Но термосот само ги одржува на одредена температура која постепено се лади – но не ги загрева.

Решение за овој проблем е Yecup – термос од нерѓосувачки челик во кој е спакувана електроника која пијалакот го одржува на постојана температура, но по потреба може да го стопли или олади.

Термосот се контролира преку апликација на смартфон, но и има и копчиња со одредени нагодувања кои можат да се користат доколку тој не е со вас или му е потрошена батеријата.

Во вториот случај, ако ви е при рака кабелот за полнење, термосот може да се користи и за полнење на смартфонот/таблетот, бидејќи во себе содржи батерија од 10 000 mAh. Разното осветлување на логото е индикатор дали Yecup загрева, лади, или полни, а поклопецот има заштита од случајно отворање така што термосот слободно може да го сместите во торба или ранец без страв дека пијалакот ќе се истури.

Yecup доаѓа со NFC подлога за безжично полнење (која се докупува), и е на располагање во верзии од 350ml и 400ml.

Инаку, доколку сте во движење, на пример, низ канцеларии, а термосот ви е на работното биро и сакате кога ќе се вратите да ве чека топол (или студен) пијалак, доволно ќе биде само да сте на најмногу 60м далечина од него за да апликацијата функционира.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...