По долгиот ден пред монитор одморете ги очите со Aurai

Оние кои поголемиот дел од денот го поминуваат гледајќи во мониторот од компјутерот, многу добро го знаат непријатното чувство кое се јавува кога ќе се преморат очите. Тогаш тие се суви, чешаат, „тежат“, а за создавањето на подочници и да не зборуваме.

Покрај стандардните помагала за релаксирање на очите од типот на креми, студени и топли облоги и сл., сега тука е и Aurai масажерот за очи кој користи хидротерапија со опција за изладување и за затоплување, со цел да обезбеди што поголем комфор за очите.

Студената компресирачка терапија (17°C) помага при отекувањето на очите и елиминирањето на подочниците, додека топлата (40°C) ги стимулира жлездите кои лачат масло и помага за релаксација на очите.

Благодарејќи на контракциите предизвикани од студот и на ширењето на крвните садови од топлината, ќе се подобрува циркулацијата на крвта околу очите, што како резултат ќе ве прави да се чувствувате „освежено“.

Aurai функционира со помош циркулирање на вода во комбинација со вибрации, наместо само со вибрации, па така нема да завршите со мигрена предизвикана од вибрирање на маската врз вашите синуси. Инаку, маската би требало да одговара за било која големина на лице, бидејќи има прилагодливо каивче со кое се зацврстува на главата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...