3D принтан облакодер за прочистување на воздухот

Инженеринг компанијата Arconic сака светот од футуристичките серии и филмови да го претвори во реалност, за што развила футуристичка кампања наречена „Џетсонови“ (The Jetsons), според истоимената класична цртана серија.

Еден од најголемите достигнувања од оваа кампања е нивниот концепт за облакодер составен од 3D принтани елементи, кој ќе служи за прочистување на воздух и ќе биде висок 5km. Некои од материјалите и технологиите кои би биле потребни за да тој се комплетира се веќе на пазарот, додека некои сè уште се развиваат. Една од тие иновации е Bloomframe, прозорец кој што се конвертира во стаклен балкон за помалку од една минута.

Највозбудливиот аспект на овој облакодер е специјализираниот слој кој не само што ќе го одржува чист, туку и ќе служи за прочистување на околниот воздух.

Овој слој ќе функционира преку интеракција со светлината и водените испарувања за да формира молекули познати како слободни радикали. Овие молекули ги оксидираат органските загадувачи во воздухот, кои потоа би се залепиле на површината од зградата и би биле исчистени од дождовите, заедно со сето она што би ја покривало, како нечистотија и сл. Компанијата вели дека 929 m2 од овaa EcoClean површина има моќност за чистење на воздухот еднаква на онаа од 80 дрвја.

Arconic не е единствената компанија која размислува за вакви футуристички концепти – други компании веќе имаат развиено концепти за згради во кои хидрофонично би растеле разни култури со кои би можел да се прехрани цел еден град, како и згради со прозорци кои би произведувале соларна енергија кои би служеле како масивни вертикални соларни фарми.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...