Багел за мерење – единствено „умно“ метро кое што ќе ви треба

Доколку работните обврски од вас често побаруваат да мерите и премерувате работи, знаете колку е важно тоа секогаш да биде прецизно, и мерките да се запишуваат и организираат правилно за секој објект, локација и сл.

Покрај тоа, за разни работи потребни се разни видови на мерни инструменти – за некои работа ќе заврши обично метро на извлекување, за некои е потребно флексибилно метро кое може да се превиткува и обмотува, и сл.

Наместо носење на неколку разни метроа и алатки истовремено (што не само што не е практично туку и завзема простор во кутијата со алат), доволно ќе биде да го имате гаџетот наречен багел, бидејќи формата му е слична на истоимениот американски ѓеврек.

Се работи за „умна“ трака за мерење која не само што може да премерува, туку и да ги организира и анализира мерките на корисен начин.

Постојат неколку начини на кој багелот може да се користи: со влечење на струна, со тркалцето на долната страна, т.е со влечење на самиот гаџет по површината која треба да се измери, а може и далечински да зема мерки со помош на вградениот ласер – на пример, може да го вперите кон плафон или ѕид, и да ви ги даде мерките од позицијата каде што стоите, до плафонот/ѕидот.

Откога ќе завршите со мерењето, потребно е да се стисне копче а потоа и гласовна порака со која што ќе го опишете објектот чии мерки се земени, и тие податоци преку Bluetooth веднаш ќе бидат испратени на смартфон апликацијата. Уредот може да сними до 100 мерки, и да функционира 8 часа со едно полнење.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...