Polaroid Pop инстант камера

Polaroid е име кое е синоним за инстант фотографии, а компанијата има успеано да направи релативно успешна транзиција во дигиталната ера.

По минатогодишниот Polaroid Snap Touch модел, оваа година тие на пазарот ќе исфрлат нов – Polaroid Pop инстант дигитална камера.

Оваа нова камера ќе биде модерно видување на класичната Polaroid instant print камера, што се поклопува со 80 годишниот јубилеј на компанијата кој е оваа година.

Polaroid Pop ќе ја користи ZINK Zero Ink Printing технологијата, што ќе им овозможува на корисниците автоматски да печатат колор фотографии на иконскиот формат од 3x4 инча, заедно со класичната Polaroid рамка која е еден вид на заштитен знак на компанијата. Финалниот резултат ќе биде фотографија со димензии од 3.5 x 4.25 инчи, а камерата ќе има 4 инчен тачскрин LCD преку кој ќе се има пристап до менито, и до опциите за уредување на сликите.

Polaroid Pop ќе има CMOS сензор од 20MP , стабилизација на сликата како и двоен LED флеш, што ќе гарантира висок квалитет на фотографиите. Камерата исто така ќе нуди и опција за снимање видео во Full HD формат, а сите слики и видеа ќе можат да се складираат на microSD картичка со максимален капацитет од 128GB.

Камерата ќе има и WiFi и Bluetooth конективност што ќе и овозможува поврзување со било кој мобилен уред, а на располагање ќе бидат 3 колор мода: колор, црно-бел и сепија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...