Аlo смартфонот е телефон кој постои само како концепт „на хартија“, содржи се уште непостоечка технологија, има желатинозна, ергономска форма која лежи добро во секоја шака, а се контролира и активира со гласовни команди. Дизајниран e од Џером Оливет и Филип Старк.
Телефонот не е сличен на ниеден постоечки модел, а една од најспецифичните опции ќе биде можноста да проектира холограми – било која порака, фотографија или видео ќе може да се гледа како 3D холограм.
Според Оливет (кој е специјалист за дизајнирање продукти), камерата на телефонот ќе функционира како негово „око“, и покрај останатите работи, ќе може да скенира и чита текст, како и да служи за идентификување на лица, а ќе служи и како проектор за холограмите.
Корисникот ќе може да комуницира со уредот и само преку вибрации или топлина, бидејќи во неговата внатрешност ќе биде вградена алуминиумска легура која ќе може да вибрира, и да дава повратна информација на корисникот преку температурни промени.
Според зборовите на неговите создавачи, Alo уредот ќе има вистинска вештачка интелигенција – останува уште концептот еден ден да се претвори во реалност.