Scollar – паметен околувратник за мали кучиња и мачки

Кога се животните во прашање, има две категории на сопственици: едните ги гледаат само како животни, без премногу емоционална поврзаност, па така ако животното се разболи и неопходно е да се успие, овој тип на сопственици тоа го гледаат како најобична техникалија.

Другите, пак, ги сметаат за свои „деца“, во некои случаи поради  нив запоставувајќи ги и „вистинските“ деца. За овие, секој гаџет кој би им помогнал во врска со обврските кон миленичето, но и на самото милениче, е добредојден.

Еден таков гаџет е токму Scollar Smart Collar, т.е умен околувратник наменет за кучиња и мачиња со мала големина – значи не и за оние од типот на лабрадор или златен ретривер.

Со помош на околувратникот Scollar, во секое време ќе може да го лоцирате миленичето (доколку на пр. се изгуби) со помош на вградената GPS технологија во него.

Исто така, тој свети во темница, нуди потсетници и нотификации кога животното треба да се нахрани или да му се даде лек, а може да се полни и без воопшто да се извади преку специјален магнетен уред за полнење кој се прицврстува на него. Доаѓа со базна станица и WiFi конекција, преку која што е поврзан со мобилната апликација, а батеријата трае до 30 дена со едно полнење.

Моментално за него има кампања на Kickstarter, преку која може за поевтино да го набавите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...