ПАМЕТНИ СЕНЗОРИ ЗА ЕКОЛОШКА ЗАГАДЕНОСТ

Предвидувања на IBM за животот во 2022-ра

Компанијата IBM е оперативна во 170 земји и има скоро 380 000 вработени, и е исклучително иновативна – нејзина заслуга се постоењето на хард дисковите, банкоматите, програмскиот јазик SQL и многу други работи поврзани со технологијата. Еве кои 5 иновации компанијата верува дека ќе влијаат на начинот на кој што ќе живееме за 5 години од денес:

1) Благодарејќи на вештачката интелигенција (AI), говорот ќе биде прозорец кон нашето ментално здравје

Вештачката интелигенција ќе биде толку напредната што ќе може да забележува знаци на ментални пореметувања базирани на говорот или ракописот на пациентот. На тој начин, ќе им помага на медицинските професионалци да идентификуваат и третираат болести како Алцхајмеровата и Паркинсоновата, но и состојби како аутизмот и ADHD.

2) AI + моќни нови уреди ќе овозможат „суперхеројски“ вид

Скоро целосниот електромагнетен спектар е невидлив за голото око. Меѓутоа, новата технологија во комбинација со AI ќе овозможи создавање на нови уреди кои на луѓето ќе им овозможуваат да гледаат многу повеќе од видливата светлина, а камерите и сензорите од оваа идна генерација ќе бидат малечки и пристапни за секого. Со нив ќе може да се гледаат микробранови, милиметарски бранови, како и инфрацрвени.

3) „Макроскопите“ ќе ни помогнат да ја осознаеме комплексноста на Земјата во невидени детали

„Макроскопските“ системи (кои ја зголемуваат сликата) ќе ги комбинираат сите расположливи комплексни податоци од сателитите, разните сензори на земјата, метеоролошките станици и сл. за да овозможат анализирање на податоците од сите перспективи.

На тој начин ќе се соберат важни податоци за глобалните состојби како што се достапноста на ресурсите (храна, вода, енергија), состојбата на планетата (климата, почвата), како и ситуациите поврзани со вселената (објекти во близина на Земјата, соларни експлозии, космичка радијација).

4) Медицинските „лаборатории на чип“ ќе детектираат болести на наноскала

Идната технологија ќе овозможува малечките уреди, со помош на вградената AI, во реално време да забележуваат и анализираат биочестички за да овозможат детален преглед на нашето здравје, и да не предупредат доколку нешто е вон нормалните граници. Така ќе се спречат голем број на болести пред симптомите да се комплицираат.

5) Паметни сензори ќе детектираат еколошка загаденост

Мрежа од нови, лесно достапни поврзани сензори ќе се имплементира во близина на нафтените и плински извори, складишта и гасоводи, кои постојано ќе ја набљудуваат нивната состојба и ќе алармираат во реално време доколку се случи нешто.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...