Apple отвора ново седиште кое чини 5 милијарди долари!

Од фирмата Apple официјално изјавија дека нивното ново седиште, изградено според визијата на Стив Џобс, ќе биде подготвено за работницитево април. Над 12.000 работници нема веднаш да се преселат, туку целиот процес на селидба ќе трае околу шест месеци.



Огромната зграда која досега ја нарекуваа „вселенски брод“, се наоѓа на средина од Силиконската долина. Зградата ќе го носи името Apple Park. Иако за два месеци ќе биде подготвена за првите работници, од компанијата известуваат дека работите ќе траат и за време на летниот период.

Новото седиште било една од последните визии на Стив Џобс, кој токму овој петок би го славел својот 62-ри роденден, доколку беше жив. По него ќе се нарече и стакленото опкружување во дворот на комплексот, во кој ќе може да се сместат 1000 луѓе.



Во овој комплекс ќе има и простор за посетители со кафе бар, па сите фанови на Apple ќе може да ја посетат компанијата. Освен кафе-бар, на работниците ќе им биде достапен и фитнес центар, центар за истражување и развој, стаза за трчање долга три километри, езеро и ливади. Во внатрешноста на комплексот посадени се 9000 стебла.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...