WikiLeaks предупредува: И телевизорот може да шпионира!

Откако WikiLeaks објави документи со кои тврди дека CIA има тајна програма за хакирање, на сите им е и повеќе од јасно дека камерите и микрофоните во модерните направи, лесно може да станат алатка за прислушување и следење.

Според нив, CIA создала повеќе од 1000 вируси, тројанци и друг тип на штетен софтвер кој се инфилтрира во системите и потоа ги користи за шпионажа. Со оглед на тоа дека секој паметен телефон, таблет, лаптоп, телевизор, па дури и автомобил е поврзан на мрежата многумина се загрижени за својата приватност.

Сепак, пред да започнете со смислување на најразлични негативни сценарија, компјутерските експерти посочуваат неколку нешта.

Прво и најважно, е дека ваквите програми за набљудување, во суштина не се инструменти за масовен надзор.

- Она што не изненадува, а воедно и смирува е фактот што овие алатки се насочени кон точно определени луѓе или направи, со цел да го компромитираат софтверот во нив, вели Мет Блејз, експерт од Универзитетот во Пенсилванија.

Тоа значи дека освен ако не сте терористи или закана за државата, тешко дека ќе се најдете на листата на луѓе кои ќе бидат набљудувани. Сепак, доколку постои ваков начин за инфлитрирање во податоците, тогаш тој е закана за безбедносните системи на државите.

Денес речиси нема човек кој не користи некаква модерна направа. Технологијата е неразделив дел од секојдневието, кој носи многу придобивки, па токму затоа е мошне тешко да се најде соодветно и ефикасно решение за проблемот.

Експертите советуваат дека ако веќе сте загрижени за својата приватност и заштитата на податоците треба да ги преземете следните чекори.

Можеби наједноставниот начин за самозаштита е да внимавате како ги користите модерните направи и да ги исклучувате од мрежата кога не работите со нив, со цел да оневозможите онлајн преземање на податоците. Иако звучи познато, мошне е важно редовно да правите update на оперативните системи, а воедно и да не отворате сомнителни линкови.

Секогаш е добро да се инвестира и во квалитетна антивирусна програма, а воедно и да се воздржите од сите оние компромитирачки нешта кои што би можеле да ве вовлечат во проблем.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...