Дубаи со прв 3D принтан облакодер

Градежната компанија од Дубаи наречена Cazza Technologies ги најави плановите за изградба на првиот 3D принтан облакодер во светот.

Крис Келси, шефот на компанијата, вели дека кога за прв пат помислиле на имплементирање на технологијата на 3D принтање, размислувале за куќи и ниски згради. Но, потоа почнале да размислуваат и за облакодери, што ги довело до истражување како можат да ја адаптираат технологијата за создавање на повисоки структури.

Големите роботски 3D принтери на компанијата веќе им дозволуваат да конструираат архитектонски комплексни згради со голема брзина. Сите комплексни структурални компоненти за високи згради, вклучувајќи ги и арматурите, можат да бидат 3D принтани со користење на нивниот систем.

За потребите на овој облакодер, системот ќе биде споен со постоечките кранови, без никаква потреба за создавање на нови специјализирани кранови „од нула“.

Иако компанијата потврдила дека првиот 3D принтан облакодер со користење на нивниот нов начин на градба ќе биде изграден во Дубаи, деталите околу височината на зградата како и почетокот на проектот сè уште не се објавени.

Cazza можеби е првата компанија која ќе се обиде да изгради облакодер со технологијата за 3D принтање, но други успешно имаат комплетирано помалi проекти, како некои куќи во Амстердам и во кинескиот град Бинжу.

Колку повеќе вакви проекти се остваруваат, толку технологијата ќе стане поевтина и на располагање на сè поголем број компании и луѓе – така што во (се надеваме) блиската иднина, 3D принтањето на згради и разни објекти ќе стане своевиден стандард.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...