SkinMarks е-тетоважи

Група истражувачи од Сарланд универзитетот во Сарбрукен, Германија, работат на концепт на ултра-тенки „електронски тетоважи“ кои кожата ја претвораат во површина т.е „копчиња“ осетливи на допир.

Привремените електронски тетоважи се наречени SkinMarks и се развиени како дел од истражувачкиот проект за компјутерско-човечка интеракција на Сарланд универзитетот.

Технологијата се состои од принтање на жици и електроди на хартија за тетовирање, користејќи кондуктивно мастило. Тетоважите се потенки од дебелината на човечко влакно, траат неколку дена, а може да се префрлат на кожата со помош на вода.

Со помош на SkinMarks тетоважа залепена на прст, би можело, на пример, да се нагодува силината на звукот на смартфонот преку поминување со друг прст врз неа. Виткањето, пак, на „тетовираниот“ прст би го претворил слајдерот за звук во копче за плеј или пауза.

Дополнителна можност која SkinMarks тетоважите ја имаат во споредба со другите е-тетоважи е електролуминисценцијата – тие светат секогаш кога низ нив има проток на струја. Така, тетоважа во форма на одредена апликација би можела да засвети кога на апликацијата на смартфонот ќе стигне нотификација.

Водачите на овој проект сметаат дека ваквата технологија ќе биде на располагање за сите во наредните 10 години, и дека ништо чудно да влезете во некој салон за тетовирање во 2050-та година, и од него за 5 минути подоцна да излезете со iPhone 22 „истетовиран“ на вашата рака.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...