Neuralink – компанија за симбиоза на луѓето со машините

Елон Маск лансира нова компанија посветена на поврзување на човечките мозоци со компјутери.

Компанијата се вика Neuralink и развива технологија наречена „нервна чипка“ која на луѓето би им овозможила директно да комуницираат со машините без потреба тоа да се одвива преку некој вид на физички интерфејс.

Оваа „нервна чипка“ би вклучувала имплантирање на електроди во мозокот за да можат да се download-ираат или upload-ираат мислите од и во компјутерот, и на луѓето би требало да им овозможи да достигнат повисоко ниво на когнитивна функција.

Маск и претходно има изразено интересирање за оваа технологија, кога на Vox Media’s Code Conference 2016 го има за прв пат опишано потенцијалниот продукт, кажувајќи дека би им овозможил на луѓето да постигнат „симбиоза“ со машините.

Првите продукти на Neuralink би можеле да вклучуваат инпланти кои би третирале пореметувања како епилепсијата или депресијата.

Маск ја има регистрирано компанијата во Калифорнија уште минатиот јули, а ќе ја финансира во најголем дел самиот. Постои можност и за инвестиција од фирмата Founders Fund на Питер Тил, со кој Елон заедно го има основано PayPal.

Во еден од неговите последни твитови, тој вели дека повеќе детали околу Neuralink ќе дознаеме за околу една недела.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...