Boom Supersonic XB-1 – најбрзиот суперсоничен авион

Моментално, најбрзиот лет од Лос Анџелес до Сиднеј трае 15 часа.

Новиот суперсоничен авион на компанијата Boom Supersonic, наречен XB-1 има намера тоа време да го намали на нешто над 6 часа. XB-1, на кој му е даден прекарот „baby boom” ќе биде и најбрзиот суперсоничен авион во светот, кој ќе лета на најголеми височини.

Штом веќе еднаш е во воздух, околу 500 повратни (во ист ден) патувања ширум светот би можеле да станат реалност.

Компанијата добила 33 милиони долари финансирање од група чиј дел е и Virgin Galactic, зголемувајќи ја конечната сума до 41 милион, доволно за да се заврши и тестира авионот. Неговата изградба ќе чини 329 милиони долари, а билет за едно од 45-те седишта ќе достигнува цена од околу $6600.

Со можност да лета од Сан Франциско до Токио за само 5 часа, или од Њујорк до Лондон за 3 часа и 15 минути (почнувајќи уште од 2020та), се чини дека тие 45 седишта ќе бидат постојано распродадени.

Според Boom Supersonic, XB-1 ќе биде првиот независно развиен суперсоничен џет, и најбрзиот цивилен авион било кога направен. Неговата максимална брзина ќе биде за 10% поголема од онаа на легендарниот Конкорд и ќе изнесува 2335км/ч, а од него и ќе лета повисоко – на височина од околу 19km.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...