Очила за натчовечка визија

За луѓето понекогаш е невозможно да разликуваат премногу слични бои. Но, со нов пар тетрахроматски очила креирани од истражувачите од Универзитетот Висконсин-Медисон, можеби никогаш нема да го напуштите домот носејќи две парчиња облека во црна боја кои немаат потполно идентична нијанса на црна.

Овие очила ја подобруваат моменталната визија на корисникот со тоа што му овозможуваат „моќ“ да разликува повеќе нијанси на бои. Кога би се развиле за практични апликации, очила од ваков тип би можеле да се користат за забележување камуфлирани цели на борбените полиња, или идентификување на фалсификувани пари.

Луѓето ги разликуваат боите со помош на кратки, средни и долги типови на конусни клетки кои реагираат на сини, зелени и црвени бранови должини на светлината. Овие три бои заедно ја формираат трихроматската визија кај луѓето. Физичарот Микхаил Катс добил инспирација да се обиде да го „прелаже“ окото да гледа како да има и четврта конусна клетка, давајќи им на луѓето тетрахроматска визија, а со создавањето на овие очила тоа и му успеало.

Тие прикажуваат засебни блокови боја, наречени метамери, помагајќи им на очите на оној кој ги носи да ги перципираат различните бранови должини на светлината.

Тимот на Катс сега работи на изработка на филтри кои ќе помогнат за разликување на метамерите од синиот крај на видливиот спектар, а потоа и на филтри за зелениот крај.

Кога повеќе нијанси ќе можат да се разликуваат со разните филтри, тие ќе можат да се адаптираат за задачи како набљудување на кората на разни овошја и зеленчуци за забележување на знаци на расипување и сл.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...