Scewo – електрична инвалидска количка

Scewo е само-балансирачка инвалидска количка која, меѓу другото, може самата да се искачува нагоре и надолу по скали, без дополнителна помош од личноста во неа, или некој да ја бутка од страна.

Проектот е основан од 4 универзитетски студенти од ETH Zurich + ZHDK, кои го креирале и финансирале целосно независно, градејќи ја инвалидската количка за 21-виот век, со нова технологија и естетика во споредба со електричните колички стари неколку години кои досега воопшто не се усовршени.

Scewo количката има широка основа која ја стабилизира дури и при движење на спирални скали, а гумените тркала и овозможуваат безбедна и комотна транзиција од рамна подлога на скали или слични пречки.



Трансферот на скалите и назад е автоматизиран, а за контролирање на количката, личноста во неа може да користи специјален џојстик или тоа да го прави со наведнување на телото во одреден правец.

Само балансирачката инвалидска количка има 3 различни режими на возење во зависност од теренот – “safe” или „безбедниот“ режим се користи при качување и симнување од неа, или кога таа стои во место, “elevated” или „подигнатиот“ режим користи за искачување преку повисоки објекти, додека „track” т.е режимот на „патека“ се справува со лизгави површини како снег или чакал, стрмни падини каде што е потребна посилна влеча и сл.

Бидејќи целиот проект студентите го работат во нивното слободно време и го финансираат со помош на спонзори, доколку сакате да им помогнете побарајте го на сајтот Patreon, каде со вашата донација можете да го забрзате процесот за изработка на првите тест верзии на количката.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...