Летечко одело како на Iron Man

Филмовите за супер-хероите веќе се вообичаен дел од денешната поп-култура а со тоа и секојдневниот живот, па така секој обид да некоја од технологиите видени во тие филмови се реализира во реалноста е екстремно интересен и возбудлив.

Gravity е британска технолошка старт-ап компанија оформена од Ричард Браунинг, која има развиено човечки погонски систем со минијатуризирани авионски мотори и специјално прилагоден егзоскелет (кој неодоливо потсеќа на технологијата на костимот на Iron Man), кој се очекува да не турне во нова ера на авијацијата.

Браунинг и неговиот тим го развиле ова одело во 2016, за што е објавен краток документарец кој го објаснува целиот процес.

Тимот составил 6 микро гас турбини наполнети со керозин чија задача е да ја подигнат личноста во оделото над тлото. Првичните тестирања започнале со асистирани скокови со 4 мотори на рацете, но потоа биле додадени уште 2 – прво на нозете, но потоа биле префрлени на грбот, а останатите по 2 на секоја рака.

Оделото исто така има и heads-up дисплеј на кој се прикажани информациите во врска со горивото преку WiFi конекција. Се очекува оделото да може да постигне брзини од 160км/ч, а тоа може да го тестирате и самите, бидејќи ќе се продава по цена од околу $250 000. Секако, оној кој ќе управува со оделото се препорачува да е физички спремен и фит – колку за илустрација, Браунинг тежи 70кг што му овозможува да лета релативно лесно.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...