BarkBath – правосмукалка за кучиња

Кога ќе се спомне капење на кучиња, прво што не асоцира на тоа е купатило прекриено со истечена вода, влакна, пена и кал. A бидејќи кучињата инстинктивно се тресат кога ќе почувствуваат вишок вода на нивното крзно, обично после нивното капење следи и „генералка“ на купатилото.

Компанијата Bissell која произведува правосмукалки и чистачи за теписи смислила начин како да го олесни капењето на кучиња, а тоа е нивниот производ BarkBath кој функционира на сличен начин како и уредите за чистење на теписи -  преку прскање вода до најдлабокиот слој и потоа вшмукувајќи ја и чистејќи сè над неа како што се движи. BarkBath се состои од резервоар за вода, за шампон, како и еден за валканата вода која се собира од капењето.

Потенцијално може да се искористат 1.5l вода за чистење на куче со тежина од над 36kg, a уредот доаѓа со подлога од микрофибер, крпа од истиот материјал за чистење на шепите и муцката, како и половина литар шампон кој не треба да се плакне.

BarkBath може да се користи во било која соба во домот,а бучен е колку просечна правосмукалка – што значи дека доколку кучето реагира на тој звук, ќе му треба малку привикнување.

Со цена од $150, се препорачува за ситуации кога на кучето треба да му се отстрани блага миризба, а не и за случаи кога тоа е од глава до петици прекриено со кал.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...