ЗБОГУМ НА ПРОБЛЕМИТЕ

Екран за смартфони кој самиот се поправа

Доколку го испуштите телефонот и стаклото му се скрши, имате две опции: да го поправите/замените само екранот, или целиот телефон.

Хемичари од Калифорнискиот Универзитет во Риверсајд нудат и трета опција: материјал за екран кој самиот може да се „лекува“ т.е поправи.

Тие направиле неколку тестови врз него, тестирајќи ја способноста да се поправи од гребнатинки и пукнатини. Откога го скинале на половина, тој самиот се споил за помалку од 24 часа, вели Чао Ванг, хемичарот кој го водел ова истражување.

Материјалот кој може да се растегне за 50 пати од неговата оригинална големина е направен од растеглив полимер и јонски соли, и се одликува со специјален тип на врска наречена јон-дипол интеракција, што всушност ја претставува силата помеѓу наелектризираните јони и поларните молекули. Тоа значи дека кога материјалот ќе се скрши или изгребе, јоните и молекулите се привлекуваат едни со друго со што ги „лекуваат“ оштетувањата.

Ова е првпат научници да создале материјал кој самиот се поправа кој може да спроведува електрицитет – некои телефони на LG (како G Flex) веќе имаат сличен материјал на задниот поклопец, меѓутоа тој не спроведува електрицитет и не може да се користи за изработка на екрани.

Новите смартфон екрани имаат мрежа од електроди под нив, што кога ќе ги допрете со прст (кој е кондуктивен), го комплетираат електричното коло, кажувајќи му на телефонот која команда да ја изврши.

Ванг предвидува дека овој нов материјал ќе се користи во екраните за смартфони, како и за изработка на батерии до 2020-та.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...