Што нè очекува од новиот Windows 10 Creators Update?

Од објавувањето на првичната верзија на Windows 10 во средината на 2015-та, Microsoft направи уште две надоградувања на истата и тоа преку Fall и Аnniversary Update.

Сега од компанијата го најавија и третиот апдејт, Creators, кој треба  да ни го направи искуството со Windows10 оперативниот систем уште поинтерсно.

1.Paint 3D

Новиот апдејт ќе биде мошне интересен за децата и фановите на 3D, бидејќи компанијата разви нова Paint 3D апликација која ви овозможува да правите основни 3D сцени. Истата е мошне едноставна за користење и е речиси идентична на 2D апликација, со тоа што тука ја имате можноста за ротација на објектите и нивно поместување во просторот.

Можете да креирате од нула или пак да започнете со некоја фотографија и да ја претворите во 3D со помош на магичната алатка. Дури и да немате никакви познавања од 3D за кратко ќе се прилагодите на Paint 3D и ќе научите да креирате интересни нешта.

2.Game Mode

Од Microsoft велат дека со помош на Game Mode ќе добиете далеку подобар перформанс кога играте игри, со тоа што ќе можете да го извлечете максимумот од вашиот PC или лаптоп.

Додека играте, сите други апликации и програми кои што се активирани во позадина ќе имаат помал приоритет, па така ќе можете потполно да уживате во квалитетот на играта.

3.Edge updates

Со новиот Creative Update доаѓаат и нови подобрувања во начинот на кој Edge web browser-от ги групира табовите. Наместо да отворате многу табови и прозорци, можете да го поставите сетот на табови на кои во моментот работите и подоцна повторно да се навратите на него.

Edge сега ви овозможува и да ја прегледате содржината на табот без притоа да го отворите, а воедно ви нуди и new e-book store.

4.Ink updates

Од сега ќе можете да цртате директно врз фотографиите и видеата преку користење на Windows Ink. Освен тоа можете да цртате и врз 3D мапи во Maps апликацијата, нешто што го немаше во претходниот апдејт. Со цртањето врз претходниот апдејт. Со цртањето врз 3D мапите, апликацијата ќе ви овозможи креирање рута врз основа на вашиот цртеж.

Windows Creators Update и официјално ќе започне да се инсталира од денес, 11-ти април. Сепак, поради огромниот број на Windows корисници низ светот, тешко дека ќе го добиете уште во првиот ден. Доколку сте нестрпливи за надоградбата тогаш упатете се кон страната на Microsoft, каде што мануелно можете да го направите надоградувањето.

За оние кои сè уште не се сигурни дека веднаш сакаат да го направат овој апдејт, компанијата овозможи  истиот да се одложи за неколку дена, со тоа што компјутерот нема ненадејно да ви се рестартира додека работите на него.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...