КОЛКУ СЕ ПОДОБРИ ТЕХНОЛОГИЈАТА?

Фејсбук ќе ни овозможи да комуницираме со мислите

Годишната конференција за девелопери на Фејсбук е во тек, и објавени се информации во врска со проектите кои компанијата ги развива а кои се однесуваат на иден мозочно-компјутерски интерфејс и неговата намена.

Истите ги сподели Реџина Дуган, чие претходно работно место беше во DARPA и Google. Еве ги најинтересните моменти од нејзината презентација:

- Фејсбук работи на развивање на мозочно-компјутерски интерфејс кој во иднината ќе им овозможи на луѓето да комуницираат едни со други без зборување. Нивната цел е развивање на технологија со која ќе може да се „зборува“ исклучиво со мислите – неограничено од време и дистанца.

- Компанијата сака да креира продукти кои ќе дефинираат одредени категории, кои ќе бидат првенствено социјални и ќе овозможат формирање на што повеќе човечки конекции и сплотување на дигиталниот со физичкиот свет и човечкиот ум.

- Дуган вели дека мозокот произведува околу 1 терабајт информации во секунда, но преку говорот ние може да пренесуваме информации од околу 100 бајти во секунда. Фејсбук сака да бидеме во можност да ги исфрлиме сите информации од мозокот во светот, како и да им ги пренесеме на други, по желба.

- Во зачетокот на оваа нова технологија, тие се надеваат дека ќе можат да им овозможат на луѓето да кликаат и куцаат користејќи ги само мозоците за интеракција со технологијата. Така, луѓе со одредени болести како ALS би можеле да куцаат на компјутер не со трепкање со очите, туку со мисли. Затоа, тие сакаат да го „декодираат говорот“ и да им овозможат на индивидуите да комуницираат со технологијата користејќи ги мозочните бранови.

- Во почетокот, целта на Фејсбук ќе биде да овозможат на луѓето да куцаат 5 пати побргу на смартфоните, директно преку мозокот. Тоа значи дека развиваат технологии кои ќе го „читаат“ човечкиот мозок со цел да ги пренесат тие информации.

- Потоа, компанијата ќе работи на овозможување на луѓето да куцаат100 зборови во минута користејќи ги мислите. Просечната личност сега може да пишува помеѓу 38 и 40 зборови во минута.

- Тие развиле засилувачи кои овозможуваат луѓето да „слушаат“ преку кожата. Целта е, со технологијата на Фејсбук, луѓето да можат да ги „чувствуваат“ зборовите.

- Фејсбук сака да развие технологија која на луѓето ќе им овозможува да помислат на нешто и таа мисла да ја испратат до нечија кожа. Исто така, таа би овозможувала мислење во еден јазик и примање на истата таа мисла во сосема друг јазик.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...