Huawei P10: Со еден клик до портрет од соништата

Првото нешто што паѓа во очи кај Huawei P10 несомнено е неговиот дизајн и начинот на кој природно „лежи“ во рака. Во споредба со P9, P10 e помал, елегантно заоблен и доаѓа во неколку навистина впечатливи бои.

Дијамантскиот рез на куќиштето е приказна за себе, со оглед на тоа дека површината има висок сјај, но не е подложна на здодевните отпечатоци од прсти. Уште нешто што сигурно ќе ви се допадне кај P10 е тоа што во неговата изработката е користена петата генерација на Gorilla glass стакло. Истата е два пати поиздржлива од претходната, што го прави овој модел далеку поотпорен на гребаници и оштетувања од пад.

Huawei P10 изгледа убаво, но за волја на вистината, не е сè во изгледот. Под каросеријата се крие моќен мотор, во форма на ултра-брзиот Kirin 960,(octa core) процесор и 4 GB RAM. Во комбинација со Ultra Memory технологијата на Huawei, апликациите работат побрзо од било кога, па нема да се најдете во ситуација телефонот да ве остави на пола пат дури и при најсложените операции. Уште една предност на моделот е брзото полнење на батеријата благодарение на Huawei супер полначот За само половина час полнење добивате 4 часа разговор, а за да го наполните целиот телефон ќе ви бидат потребни не повеќе од 90 минути.

P10 поседува двојна Leica камера со 12 MPx колор сензор и 20 MPx монохроматски сензор, кои во комбинација еден со друг овозможуваат совршено 3 D светло и фотографии со многу детали.

Доколку сте љубител на црно – белите фотографии, тогаш топло ви препорачуваме да ги испробате сите предности на монохроматската камера, со која ќе направите впечатливи фотки кои веднаш може да ги објавите на социјалните мрежи.

За оние кои претпочитаат да си направат селфи, наместо некој друг да ги фотографира, тука е предната камера од 8 MPx. P10 детектира кога во селфи фотографијата има повеќе од едно лице, па веднаш преминува од стандарден во широк-аголен мод.

Телефонот користи прецизна 3D детекција на цртите на лицето, која му овозможува да направи импресивни уметнички портрет фотографии. Преку користењето на новиот алгоритам за длабочина, предниот дел од фотографијата е поколоритен, почист и поостар, додека во позадината се забележува благо заматување. Одлично за нова профилна фотка, зарем не?

Технички карактеристики:

Oперативен систем: Android 7 + EMUI 5.1

CPU:  Kirin 960 chipset, octa-core (4x 2.4GHz, 4x 1.8GHz)

Меморија:  4.0GB RAM, 64GB. ,microSD

Дисплеј: 5.1" FHD 1920 x 1080

Мрежа: LTE Cat 9 B1/3/7/8/20/28

Примарна камера: 12 + 20 MP Leica двојна камера, Hybrid zoom, OIS, Dual Tone LED

Секундарна камера: 8.0. MP предна камера

Батерија: 3200mAh батерија, Huawei Super-полнач

Конекција: BT4.2, Wifi 11a/b/g/n/ac, NFC, Fingerprint 3.0 (level 4), USB Type-C™

Сензор: Fingerprint Сензор, G-Сензор, Gyroscope сензор, Компас, Ambient Light сензор, Proximity сензор, Hall сензор, Барометар



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува човек во кафана и прашува:
- Кој е овде посилен од мене?
Стануваат тројца батки:
- Ние сме!
- Е па, дојдете да го бутнеме југово.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Роден е францускиот крал Анри Втори, татко...
1563.- Со мировен договор во Амбоаза заврши...
1628.- Англичаните во Америка ја основаа...
1629.- Роден е рускиот цар Алексеј Михајлович...