Концепт на авион со соларна „кожа“

Дизајнерот Oscar Viñals од Барселона досега има изработено полно концепти на авиони, во обид на некој начин да ја моделира иднината на воздушниот превоз.

Неговиот последен проект е наречен „Соларна кожа“, и е дизајниран да генерира 80% од енергијата која на авионот му е потребна за летање.

Леталото има радикален екстерен дизајн кој комплетно ја менува формата на традиционалните авиони, правејќи го повеќе аеродинамичен со цел да се заштеди потрошувачката на гориво, да се намали звукот и емисиите на издувни гасови при летањето.

Тој својот футуристички концепт го опишува како HSP (Hyper shape plane/авион со хипер-форма). Целиот авион изгледа како едно големо крило со дополнителни мали предни крилца, како и стабилизатори на задниот и горниот дел. При тестирање на авионот со помош на симулации во CFD софтвер (за компјутерска флуидна динамика ), се покажало дека тој би бил стабилен во летот.



Со цел да ја генерира енергијата потребна за летање, тој е опремен со системи на обновливи извори на енергија. Како што и самото име му сугерира, покриен е со филм од квантни соларни точки кои генерираат електрицитет, а на него се инсталирани и 2 турбини на ветер со двоен хеликс. Леталото исто така користи термоелектрични генератори кои генерираат електрицитет директно од топлината која што ја произведуваат неговите мотори, заедно со две водородни горивни ќелии.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
На испит на Медицински факултет, професорот ја прашува студентката.
- Колку сперматозоиди има во тестисите на машки полов орган?
По кратко размислување...
- Пааа отприлика...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на културното наследство
1828.- Во Бордо умре Франциско Хосе де Гоја,...
1844.- Во Париз е роден Жак Анатол Франс Тибо,...
1859.- Умре францускиот историчар и политичар...