СЕ ПОЈАВИ И КАЈ НАС!

„Син кит“ - играта која ги натера над 100 тинејџери низ светот да се самоубијат

„Син кит“ е опасна социјална игра, која што моментално се поврзува со над 130 смртни случаи на тинејџери низ целиот свет. Најмногу смртни случаи се забележани во Русија, а потоа и во Англија. Играта веќе се појавила и на Балканот, односно во Србија, каде што последниот случај на самоубиство е 12 годишно девојче.

Играта е всушност управувана од админ, кој за тинејџерите е всушност мастер, кој ги контролира и им задава различни задачи во рок од 50 дена. Најчесто од нив се бара да си цртаат кит на рака, а во подоцнежните фази и да си прават посекотини во вид на кит. Напредните нивоа бараат од тинејџерите да се самоубијат, односно да се фрлат од зграда или да се фрлат пред воз. Исто така, „синиот кит“ ги тера по цел ден да гледаат хорор филмови и да не спијат навечер, односно да се движат во точно 4 часот.



Првите две жртви, девојки на возраст од 15 и 16 години, се фрлиле од зграда во Русија. И двете девојки споделиле фотографии со кит на социјалните мрежи при што напишале „крај“. По нив, следувале уште неколку смртни случаи, а руската полиција споделила дека од ноември 2015 година до април 2016 година се случиле вкупно 130 самоубиства, предизвикани од играта.

- Сите деца беа членови на истите интернет групи и живееле во добри и среќни фамилии. Знаеме дека зад играта стојат возрасни луѓе, кои се поврзуваат со корисниците на играта преку нивните хобија и пасии, употребувајќи го нивниот јазик и култура. Добро ја познаваат психологијата, па ги убедуваат девојчињата дека се дебели, им велат на момчињата дека се губитници во овој свет, но и дека постои друг свет за кои тие се избрани да одат, каде што ќе ги прифатат и поради тоа се самоубиваат, изјавиле од руската полиција.

Покрај фотографиите со китови, тие секојдневно објавувале фотографии по социјалните мрежи со пораки„Овој свет не е за нас“ и „Ние сме деца на мртва генерација“.



Се уште не е познато кој стои зад играта, а таа мошне брзо се шири. Без разлика на тоа колку му верувате на вашето дете, редовно проверувајте им ги мобилните телефони, таблетите и компјутерите. Токму играта „Син кит“ е доказ дека интернетот може да биде смртоносно место.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...