ЧЕКОР ПОНАПРЕД

Microsoft со план за складирање податоци во ДНК

Доколку сме ја користеле ДНК-та како што денес користиме магнетни ленти за складирање на податоци, теоретски е возможно да се складираат сите информации на луѓето кои некогаш се снимени, во простор со големина од една гаража за 2 автомобила.

Компјутерските архитекти од Microsoft Research изјавија дека во наредните неколку години сакаат да започнат со складирање на нивните податоци на нишки од ДНК и да имаат оперативен систем за чување на ДНК-то во нивните дата центри до крајот на оваа декада.

Колку и да звучи застарено, еден од најдобрите начини да се чуваат многу информации во малку простор е старата добра магнетна лента, која не само што е евтина, туку е и доволно солидна да ги задржува информациите и до 30 години, а може да содржи до терабајт податоци во една ролна.

Но, кога ќе се земе во предвид дека повеќе податоци се генерирани во последните 2 години отколку во целата човечка историја досега, се чини дека магнетната лента нема да може да се користи во наредните неколку декади.

Биолошкиот материјал како што е ДНК-то звучи како чуден избор за снимање на големи количини на дигитални информации, меѓутоа нејзината способност да складира енормни количини податоци во мал простор е јасен повеќе од 70 години – уште од 1940-тите.

Додека низите од нуклеинската киселина ги внесувале информациите во живите клетки билиони години наназад, нејзината улога во дигиталното складирање на податоци била демонстрирана пред само 5 години, кога генетичар од Харвард Универзитетот енкодирал книга (која вклучувала jpg податоци за илустрации) во нешто под 55 000 низи од ДНК.

Од тогаш, технологијата напредувала до степен кога научниците успеале да снимат 215 петабајти (215 милиони гигабајти) информации на еден грам ДНК.

Иако компактно, снимањето податоци во форма на секвенца на нуклеинска киселина не е ниту брзо ниту евтино.

Минатата година, Microsoft ја демонстрираа нивната технологија за складирање податоци на ДНК со енкодирање на скоро 200 мегабајти податоци во единечен процес, кој чини $800 000 со користење на материјали кои сега се на располагање на пазарот.

Тоа значи дека за да оваа опција стане подостапна, ќе мора да биде неколку илјадници пати поевтина. Процесот е исто така неверојатно бавен, бидејќи податоците се снимаат со брзина од 400 бајти во секунда. Oд Microsoft велат дека таа брзина би требало да се зголеми на околу 100 мегабајти во секунда.

Возможно е и еден ден ДНК базираните складови на податоци да вклучуваат живи компјутери.

Додека решението за складирање податоци на ДНК на Microsoft би било базирано на чипови, постои можност идните верзии на оваа технологија да вклучуваат ензими или генетски модификувани бактерии кои би ги вршеле пресметките.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...