Stratolaunch – најголем авион на светот

Најголемиот авион на светот дизајниран да пренесува вселенски летала за прв пат беше изваден од хангар во пустината Мохаве. Пол Ален, кој го има основано Microsoft заедно со Бил Гејтс, го претстави авионот Stratolaunch изграден од неговата компанија Stratolaunch Systems.

Stratolaunch има распон на крилјата од 117 метри, тежи 226,796кг, и се движи со помош на шест мотори од Boeing 747. Неговата цел ќе биде да пренесува вселенски летала во ниската земјина орбита со цел да ја намали енергијата потребна за нивно лансирање во вселената.

Компанијата ќе ја приреди првата демонстрација на ова летало во 2019-та, и веќе го има својот прв клиент – приватната компанија за вселенски летови Orbital ATK, која планира својат Pegasus XL ракета да ја лансира од Stratolaunch.

Компанијата на Пол Ален е една од многуте кои се обидуваат да ги комерцијализираат летовите кон вселената, и кои сите последниве години прават исклучителен напредок. Од SpaceX, компанијата на Елон Маск, велат дека овие летови можат да ги направат 100 пати поевтини. Според Virgin Orbit, пак, уште од наредната година туристи ќе можат да летаат во вселената, а компанијата Rocket Lab која тврди дека може да лансира малечки сателити во вселената за цена од 4.9 милиони долари по лет, успешно ја лансирала својата прва ракета на 24-ти мај.

Благодарејќи на приватните компании кои се натпреваруваат која ќе ја направи вселената попристапна за сите, наскоро ќе навлеземе во ера кога таа ќе стане достапна и за обичниот граѓанин, а не само за астронаутите кои се обучуваат со години за таквиот тип на летови.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...