Батерија за електрични возила која инстантно се полни

Истражувачи од Purdue универзитетот развиле технологија за батерија која инстантно се полни и која е безбедна и еколошка.

Моментално, електричните автомобили се полнат преку специјални портови и процесот трае подолго време, додека оваа нова батериска технологија би им овозможила на возачите на хибридните и електрични возила истите да ги полнат како конвенционалните автомобили, за неколку минути на бензинска пумпа.

Овој напредок не само што би го забрзал процесот на префрлање на електрични возила, туку и драматично би ја редуцирал изградбата на дополнителна инфраструктура потребна за полнење електричните автомобили.

Се работи за „flow battery”, т.е „проточна батерија“ наречена IF-Battery, на која не и е потребна електрична станица за полнење. Наместо тоа, корисникот треба само да ги замени течните електролити во батеријата – на начин како што се полни резервоар со бензин.

Инаку, искористената батериска течност може безбедно и евтино да биде собрана и повторно наполнета во било која соларна, ветерна или хидроелектрична централа.

Системот на оваа проточна батерија е уникатен бидејќи, за разлика од другите верзии на батерии од овој тип, оваа нема мембрани кои се подеднакво скапи за изработка, и лесно можат да се оштетат, а нивното оштетување го лимитира бројот на циклуси на полнење. Компонентите на IF-Battery се доволно безбедни за да може да се чуваат во секој дом, како и доволно стабилни и евтини за масовна продукција и дистрибуција.

Транзиционирањето на постоечката инфраструктура и нејзино прилагодување на електричните автомобили кои би користеле вакви батерии би било далеку поедноставно отколку дизајнирањето и градењето на нови видови на станици за полнење, што е моменталната стратегија на Tesla. Дури би можеле да се искористат и веќе постоечките пумпи за складирање на хемикалиите кои се исклучително безбедни.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...