Добредојде за косилката од соништата

Роботската косилка за трева Honda Miimo во две варијанти ќе се појави на пазарот во САД – HRM 310 кој може да се справува со тревници со површина до 0.2 хектари, и HRM 520 до 0.3 хектари.

Honda Miimo е батериски напојувана косилка за трева која во себе содржи микрокомпјутер, тајмер и сензори кои сопствениците можат еднаш да ги прилагодат и потоа да ги заборават. Тајмерот може да се намести за дневно или ноќно косење, додека сезонскиот тајмер се сетира според годишното време – на пример, интервалите на косење ќе бидат почести на пролет отколку во лето или на есен.

Почетното подесување побарува инсталација на жици кои ќе користат како граница во која ќе може да се движи косилката.

Тркалата може да се справат со нерамнини до 25 степени, а од Honda велат дека Miimo е дизајниран не само кратко да ја коси тревата како традиционалните косилки, туку и почесто само да ја поткаструва и да ги дисперзира остатоците кои би функционирале како природно ѓубриво.

Доколку некој проба да ја украде, ќе биде непријатно изненаден, бидејќи косилката има вграден аларм кој се активира кога таа ќе се подигне додека коси. Во таков случај, самата ќе се исклучи и ќе може да се реактивира само преку внесување на уникатен PIN код.

Моделот HRM 310 може да коси околу 30-тина минути, додека кај моделот 520 тоа време изнесува околу 1 час. По тој период, косилката самата ќе си ја побара станицата за полнење и ќе се приклучи на неа.

Цената на моделот HRM 310 ќе биде околу $2500, додека на HRM 520 таа ќе изнесува околу $2800.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...