AI може да предвиди колку долго ќе живеете

Вештачката интелигенција може прилично прецизно да предвиди колку долго ќе живеете, според нова студија објавена во журналот Scientific Reports.

Во првата студија од овој вид, научници од Универзитетот во Аделаида користеле вештачка интелигенција (AI) за да предвидат кои пациенти ќе умрат во наредните 5 години со 69% точност – што е приближно иста точност кога предвидувањето би било извршено од квалификуван доктор.

Во AI системот биле внесени скенови од компјутерска томографија на граден кош од 48 пациенти, сите помлади од 60 години и потоа биле искористени машинските техники за учење да ја анализираат огромната количина податоци и да извлечат било какво аномалии од нив. Во скеновите биле пронајдени 15 957 биомаркери кои биле искористени за да се процени бројот на преостанатите години живот.

Според Др. Лук Оукден-Рејнер, водечкиот автор на студијата, предвидувањето на иднината на пациентите може да е исклучително корисен процес бидејќи би им овозможил на докторите да ги прилагодат третманите за секоја индивидуа.

Следен чекор на ова истражување ќе биде зголемување на прецизноста на AI системот со внесување на десетици илјади слики за анализирање и процесирање.

Сето ова би отворило нови врати за аплицирање на технологијата со вештачка интелигенција за анализирање на медицински слики, со што би се детектирале сериозни болести во нивната рана фаза, кои би побарувале специфични медицински интервенции.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...