Tertill – робот за отстранување плевел

Franklin Robotics е компанија од Масачусетс чиј тим го вклучува изумителот на познатата роботска правосмукалка Roomba, која сега има лансирано Kickstarter кампања за нивниот најнов робот. Овој пат не се работи за робот кој чисти подови и теписи, туку за робот дизајниран да го уништува плевелот во вашата градина.

Наречен Tertill, овој округол робот кој тежи нешто над 1кг користи сензори за да го идентификува плевелот во градина во која има цвеќиња или зеленчуци/овошја. Откога ќе го пронајде, тој го сече со специјални струни кои што се вртат. За идентификување на плевелот Tertill не користи камери или вештачка интелигенција, туку евтини капацитивни сензори кои одредуваат дали билките кои ги допира се кратки или високи. Така, секое растение што е доволно кратко за да целото се наоѓа под роботот се смета за плевел, и ќе биде исечено. Но, што ако имате некои кратки билки кои не смеат да се сечат? Решението е во специјална јака која се става околу билките додека не пораснат, која го спречува Tertill да „интервенира“ таму.

Tertill е соларно напојуван, па така може да функционира секој ден без никакви проблеми.

Една од опциите која тимот кој стои зад овој проект размислува да ја додаде е еден вид на реакција предизвикана од сензор чувствителен на движење, во случај роботот да има потреба да избрка/исплаши разни штетници и глодари.

Сега засега неговата цена на Kickstarter е $199, а кога ќе се појави на пазарот во март 2018 се очекува да чини околу $300.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...