Боја го трансформира домот во извор на обновлива енергија

Тим истражувачи од Кралскиот институт за технологија во Мелбурн (RMIT) развиле боја која може да се користи да генерира чиста енергија. Бојата го комбинира титаниум оксидот кој веќе се користи во многу ѕидни бои со нова состојка – синтетички молибденум-сулфид, кој има функција слична на онаа на силика гелот во кесички кои се става во амбалажите на разни продукти за да ги заштити од апсорбирање на влага.

Овој материјал покрај влагата, ја апсорбира и соларната енергија и може да ја подели водата во водород и кислород, собирајќи го водородот за понатамошно користење во горивни ќелии или за напојување, на пример, на возило.

Иако не се очекува бојата да се појави на пазарот во наредните 5 години, се очекува крајниот продукт да биде евтин за производство. Бојата би била ефективна при разни климатски услови – од средини богати со влага до суви и топли кои се наоѓаат до големи водени површини, бидејќи во секоја област каде што има вода која испарува може да се произведе гориво.

Со оваа боја би можеле да се покриваат објекти кои инаку не добиваат доволно сончева светлина за да на нив би било исплатливо инсталирање на соларни панели, а би можела да се покрие секаква површина – на фасада, ограда, шупа и др.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
На испит на Медицински факултет, професорот ја прашува студентката.
- Колку сперматозоиди има во тестисите на машки полов орган?
По кратко размислување...
- Пааа отприлика...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на културното наследство
1828.- Во Бордо умре Франциско Хосе де Гоја,...
1844.- Во Париз е роден Жак Анатол Франс Тибо,...
1859.- Умре францускиот историчар и политичар...