Lingmo – уред за толкување на 8 јазици во реално време

Австралискиот стартап Lingmo International го претстави својот најнов продукт кој може да толкува 8 различни јазици во реално време, за чие функционирање се користени алгоритмите од IBM Watson технологијата за учење на машини.

Традиционално, орално конвертирање во реално време на еден јазик во друг се нарекува интерпретирање/толкување, додека терминот „преведување“ се користи за обработување на текст. Дени Меј, основачот на Lingmo, пак, го опишува овој продукт како „преведувач во реално време“.

Тој вели дека уредот е целосно независна преведувачка слушалка, под што подразбира дека нема потреба од поврзување со телефон или некој друг уред преку Bluetooth или WiFi.

Наречен TranslareOne2One, ги подржува англискиот (во US и UK варијанта), јапонскиот, францускиот, кинескиот, италијанскиот, шпанскиот, германскиот, и португалскиот јазик.

Инаку, Меј почнал да заработува како квалификуван водоинсталатер, по што влегол во индустријата со соларна енергија. Во тој период од животот, кога бил на службено патување во Кина, му бил украден пасошот и кога со локалниот полицаец пробал да зборува користејќи конкурентски уред за преведување, наместо „здраво, како сте?“ преводот бил „здраво, те сакам“.

За да се избегнат такви грешки, неговиот уред користи алгоритам кој го анализира зборувањето во блокови од по 30 секунди, а за чиј хардвер биле потребни 12 месеци да се изработи. Има и 3G конективност, што значи може да „учи“ кога е конектиран на интернет. Компанијата цели кон 85% точност при преводите, а уредот преведува цели фрази а не збор по збор.

TranslateOne2One уредот да ќе се појави на пазарот по цена од $179, а ќе постои и како апликација за смартфони.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
На испит на Медицински факултет, професорот ја прашува студентката.
- Колку сперматозоиди има во тестисите на машки полов орган?
По кратко размислување...
- Пааа отприлика...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на културното наследство
1828.- Во Бордо умре Франциско Хосе де Гоја,...
1844.- Во Париз е роден Жак Анатол Франс Тибо,...
1859.- Умре францускиот историчар и политичар...