Xbox One Slim - фантастичен и евтин избор на гејминг конзола

Кога Xbox One се појави на пазарот, беше јасно дека Microsoft одлучил да ја смени тактиката во неговото ривалство со PlayStation4. Додека Playstation 3 покрај конзола функционираше и како медија центар, Playstation 4 се фокусираше на видео игрите.

Xbox One, од друга страна пак, не беше само конзола за игри, туку и медија центар. Xbox One S (т.е Slim) е она како Xbox One отсекогаш требаше да изгледа – малечка компактна кутија на минималистичка перфекција.

Дизајнерскиот тим на Xbox апсолутно си ја завршил својата работа и конзолата дефинитивно заслужува централна позиција во која соба и да се користи.

Xbox One S е 40% помалечок од неговиот претходник и има интерно напојување, a USB портот се наоѓа на предната страна, што ја прави задната многу посредена во однос на менаџирање на каблите. Големиот круг од страна е огромен вентилатор кој е значително потивок од оној на постарите верзии и е добредојдена промена од бучавата која оригиналната конзола ја правеше.

Xbox One S е прва конзола за игри која подржува и 4K и HDR видео игри и видео содржини. Контрастот на сликата е значително подобрен со повеќе дефинирани црни и бели нијанси, што комбинирано со 4K резолуцијата (доколку вашето TV ја поддржува) дава досега најдобар квалитет на сликата.

Ако сето ова не е доволно да ве натера да ја посакате, конзолата има и 4K Blu-ray плејер, правејќи ја најефтин Blu-ray плејер со тој квалитет во светот. Подобрен е и контролерот кој сега има поелегантна форма и доаѓа со текстуриран простор за зафат на долната страна.

Xbox One S е дефинитивно најдобриот избор во моментов во поглед на конзолите за игри, а со понудата на Телеком во Magenta L, цената на уредот со договор за фамилијарен буџет на 24 месеци е само 99 денари месечно.

Во комплет со конзолата во оваа понуда бесплатно следува играта Fifa 17, добро познатата фудбалска симулација која овој пат има значително подобрена графика од нејзиниот претходник. Освен тоа во комплетот со играта доаѓа и Xbox Live 14 days картичка за активација на онлајн сервисот

Според резултатите на аналитичката фирма HIS Markit, Xbox Live онлајн сервисот скоро во секој поглед е подобар и побрз од PlayStation Network, особено во логирањето, вклучувањето на играчи и квалитетот на гласовните разговори. Ова го прави Xbone One Slim фантастичен и евтин избор доколку планирате да се подновите со конзола за гејминг.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...